Четворица државјани на Авганистан биле пронајдени во круг на фабрика при растовар на товарно моторно возило со гевгелиски регистарски ознаки, соопшти полицијата.
Возилото било сопственост на правно лице, а управувано од Ч.М.(49) од Гевгелија.
Во извршениот разговор со возачот тој кажал дека камионот го товарел во Бурса – Турција. Возачот при разговорот со полицајците, посочил дека пред четири дена го однел возилото на царина во Бурса, и додека бил таму и ги извршувал царинските формалности, камионот не бил пломбиран.
Државјаните на Авганистан ќе бидат упатени во ПТЦ „Винојуг“-Гевгелија.