Полициска патрола на регионалниот пат Валандово – Струмица, на влезот во Струмица, кај месноста „Куклишка раскрсница“, запреле возило „сеат алтеа“ со скопски таблички управувано од Б.С.(29) од селото Никуштак, „фолксваген пасат“ управувано од Н.И.(21) од Скопје и „ауди А6“ кое го возел неговиот сограѓанин Б.Х.(25).
При преглед во возилата биле пронајдени 17 лица бегалци од Бангладеш. Возачите и мигрантите се приведени.