Хроника 04. април 2019. / 10:24

Пронајдени 100 килограми катран од афион во напуштена куќа во Кавадарци

Пронајдени 100 килограми катран од афион во напуштена куќа во Кавадарци

Сто килограми кафена материја во канти, најверојатно катран од афион, пронајдени се во напуштена куќа во Кавадарци.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски потврдува за МИА дека синоќа во 18.45 часот, во напуштена куќа на улица „Рајна Соколова“ во Кавадарци, биле пронајдени десет канти со тежина од околу 100 килограми со непозната тврда кафена материја, најверојатно катран од афион.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.