Пронајдена е 27-годишната девојка, која исчезна синоќа.
Како што информираа од семејството, утринава успеале да ја најдат Драгана во обложувалница во скопската населба Кисела Вода.
Синоќа тие алармираа дека 27-годишната Драгана последен пат е забележана во петок навечер кога ја напуштила семејната сендвичарница во Влае и исчезнала.
Потрагата е успешна, а Драгана е повторно со своето семејство – информира нејзината сестра за „Слободен печат“ заблагодарувајќи им се на граѓаните за солидарноста.