Во дворот на затворот во Штип била пронајдена дрога од различни видови, но засега е непознато кој ја внел дрогата во рамки на затворот.
– На 24.02.2021 во 20.30 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Затвор – Штип било пријавено дека во дворот на затворот билe пронајдени прашкаста материја и марихуана. Од страна на полициски службеници дрогата била одземена, информираат од МВР.
Како што велат од полицијата, се работи на расчистување на случајот.