Хроника 04. декември 2020. / 12:30

Пронајдена дрога во затворот во Штип

Пронајдена дрога во затворот во Штип

Полициските службеници во затворот во Штип пронашле дрога.

-На 03.12.2020 во 12.35 часот во СВР Штип, од Казнено поправен дом Штип било пријавено дека околу 12.15 часот во полуотвореното одделение на прозорец во затворот била пронајдена прашкаста материја, соопштуваат од полиција.

Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и ја одзеле прашкастата материја за вештачење. Се работи на расчистување на случајот.