Хроника 30. јули 2020. / 19:22

Пронајден крадец на автомобили во Штип

Пронајден крадец на автомобили во Штип

Кај маж од Штип (43) пронајдени се две возила што  биле украдени во текот на вчерашниот ден.

Како што објави МВР, се работи за кражба на патничко возило „фолксваген поло“, кое било паркирано на ул.„Маршал Тито“ во Штип и патничко возило „голф“.

Од полицијата информираат дека возилата се вратени кај сопствениците, а по документирање на случајот против крадецот ќе биде поднесена кривична пријава.