При засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Охрид во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 149 санкции, меѓу кои 40 за пречекорена брзина на движење, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Изречени се и 14 санкции за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), осум за возење без возачка дозвола, а санкционирани се и 14 мотоциклисти.
Засилените сообраќајни контроли, најавуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.