Хроника 09. ноември 2019. / 15:53

Приведени три лица од скопско Трубарево – ограбиле маж од Кавадарци

Приведени три лица од скопско Трубарево – ограбиле маж од Кавадарци

Рано утринмава во Полициска станица Гази Баба биле приведени Е.Д.(19), Н.М.(23) и В.К.(19), сите од село Трубарево, поради основано сомнение дека на местото викано Пуста кула, во населба Илинден, физички го нападнале Д.Ѓ.(40) од Кавадарци и му одзеле пари, соопштуваат од МВР.

По комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.