Хроника 23. септември 2020. / 10:49

Приведени две лица од тетовско кај кои бил пронајден хероин

Приведени две лица од тетовско кај кои бил пронајден хероин

На 22.09.2020 околу 12.15 часот во напуштен објект на ул.„Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Љ.(40) од Тетово и Н.Р.(37) од тетовско Милетино.

Кај приведените бил пронајден хероин.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.