Полицијата уапсила 26 танчерки од кои две од Македонија, а 24 од странство во угостителски објект во тетовско.
На 12/13.09.2020 во времето од 22:30 до 02:00 часот, при акциска контрола од полициски службеници од СВР-Тетово, во угостителски објект лоциран покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје, биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки од кои две државјанки на РСМ, а 24 странски државјанки (пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина). Тие биле приведени.
Исто така и кај едно женско лице од Р.Албанија (танчерка) била пронајдена марихуана, а кај А.А.(28) од с.Радуша-скопско бил пронајден нож.
Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово.