Хроника 19. декември 2020. / 16:20

Приведен тетовец: Пронајдени над 9000 пиротехнички средства

Приведен тетовец: Пронајдени над 9000 пиротехнички средства

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција и СВР Тетово денеска го лишија од слобода Љ.А.(27) од село Селце.

Ккао што соопштија од МВР, при преземање мерки и активности од страна на полициски службеници во 13.40 часот пред поштата во Тетово е затекнато патничко возило „форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од приведениот, и при преглед во него се пронајдени 9163 парчиња различни пиротехнички средства и 87 ракети, сместени во багажникот и на задното седиште.

– Љ.А. е приведен во полициска станица, а возилото е однесено на увид во кругот во СВР Тетово. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Тетово, по документирање на случајот, против Љ.А. ќе биде поднесен кривичен поднесок, а возилото ќе му биде привремено одземено, се наведува во соопштението од МВР.