Хроника 08. мај 2018. / 14:11

Приведен маж од Шемшoво, во џебот од тенерката носел марихуaна

Приведен маж од Шемшoво, во џебот од тенерката носел марихуaна

Тетовски полицајци вечера во 12.30 часот го привеле го А.А. (32) од село Шемшово откако при преглед, во џебот од тренерките му пронашле најлонско ќесе со наркотична дрога марихуана.

– Во непосредна близина биле пронајдени уште две поголеми пакувања со марихуана. Пронајдената марихуана била одземена и предадена за вештачење. По целосно расчистување на настанот, против А.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок – информира МВР.