Хроника 29. јануари 2021. / 11:37

Приведен  гостиварец за поседување хероин

Приведен  гостиварец за поседување хероин

Момче од Гостивар е приведено синоќа откако полициски служебеници откриле дека поседува хероин.

Како што соопшти МВР, се работи за Ф.Н. (22) кој е лишен од слобода околу 20:00 часот, на улицата „Балиндолска“ во Гостивар.

По целосно документирање на случајот на Ф.Н. ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.