Синоќа во 18.20 часот, на подрачје на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Џ.(41) од Скопје, бидејќи кај него е пронајдена марихуана односно поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик.
Од МВР денеска информираа дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.