Хроника 06. февруари 2021. / 15:20

Приведен дилер од тетовско

Приведен дилер од тетовско

Во тетовски Слатино денеска околу 8:30 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот Б.С., кај кого при извршен претрес била пронајдена марихуана, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочија дека тој е задржан во ПС Тетово за документирање на случајот и ќе му биде изготвена кривична пријава.