Хроника 17. септември 2020. / 10:34

Приведен 22-годишен маж кој физички ја нападнал сопругата

Приведен 22-годишен маж кој физички ја нападнал сопругата

Жена од неготинско село пријавила физички напад од сопругот вчера околу 18 часот во СВР Велес.

– Дваесетгодишна жена пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија била физички нападната од 22-годишниот сопруг. Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок,  појасни портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.