Хроника 12. ноември 2020. / 09:36

Притвор за таткото што ја силувал 29-годишната ќерка

Притвор за таткото што ја силувал 29-годишната ќерка

Триесет дневен притвор е одреден на таткото кој е осомничен дека си ја силувал 29. годишната ќерка

Како што претходно објавивме Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 62-годишен скопјанец, осомничен за родосквернавење.

Осомничениот, на 9 ноември во неговиот дом, почнал да пие алкохол по што се нафрлил и извршил обљуба врз својата ќерка. Оштетената се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од осомничениот.

За лицето беше побаран притвор, кој е одобрен од страна на судот.