Во домовите на двајца кичевци се пронајдени коакаин, мариуана и кушршуми. Двацата се приведени и заработија кривична пријава.
Како што информира портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, вчера по претходна негова согласност, полициски службеници од ОВР Кичево, извршиле претрес во домот на И.З.58-годишен жител на Кичево, при што биле пронајдеби и одземени 43 куршуми од засега непознат калибар и 355 семки од марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Димоски информира и дека при извршена контрола на ул. „11 Септември“ во Кичево, полициски службеници пронашле и одзече кокаин. Во врска со овој настан, приведен и лишен од слобода е 24-годишниот А.К. од Кичево.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.