Хроника 14. ноември 2019. / 14:32

Притвор од 30 дена за прилепчанец кај кого полицијата пронашла 360 грама хашиш

Притвор од 30 дена за прилепчанец кај кого полицијата пронашла 360 грама хашиш

Притвор од 30 дена за 43-годишен прилепчанец во чиј дом е пронајден хашиш, поради основано сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Оддел за недозволена трговија со дрога при Полициска станица – Прилеп денеска до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 43-годишниот прилепчанец И. К.,  поради постоење  на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РСМ.

– По претходно добиени оперативни сознанија полициски службеници преземаа оперативни мерки и истражни дејствија и на 13.11.2019, врз основа на наредба за претрес на дом и други простории издадена од Основен суд – Прилеп, извршен е претрес во домот каде што престојува И.К.. При претресот, во помошна просторија во домот на пријавениот, пронајдена е наркотична дрога – хашиш. По извршеното вештачење е утврдено дека смолестата материја е наркотична дрога – хашиш со нето маса од 364.4 грама, се вели во соопштението од МВР.

Судија на претходна постапка при Основен суд – Прилеп за И.К. определи мерка притвор во времетраење до 30 дена.