Хроника 06. декември 2020. / 11:13

При акциска контрола во Центар санкционирани 136 возачи

При акциска контрола во Центар санкционирани 136 возачи

Вкупно 136 мерки изрече сообраќајната полиција при вчерашната засилена акциска контрола во скопската општина Центар.

Од нив 20 казни се за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани возила, 13 за непридржување на законските ограничувања за возач-почетник, 11 за некористење сигурносен појас и седум за користење мобилен телефон додека се вози.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.