Хроника 21. февруари 2019. / 16:31

Премиерот Заев е нарачател на претепувањето на Јанакиески и Ристовски?

Премиерот Заев е нарачател на претепувањето на Јанакиески и Ристовски?

Извори на Лидер од Шутка, брифираат дека насилниците се фалеле дека го тепале Јанакиески за да му направат услуга на Заев.

– Ова ти е за Заев и од Заев – извикувал еден од насилниците, неофицијално брифира извор на Лидер од одделението во Шутка.

Поранешниот министер Миле Јанакиески со скршеници е пренесен во гратската болница 8-ми септември откако попладневно беше претепан во затворот во Шутка, од обвинети терористи за случајот Диво Насеље – дознава Економски Лидер од извори во затворот.

На Јанакиески му била скршена раката.

Освен Јанакиески, нападнат бил и Спиро Ристовски на кој исто така синоќа му беше одредена мерка притвор. И Спиро се здобил со повреди.

Извори на весникот Лајм, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент. Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.
Нашите извори не даваат детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиевски, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот.
Официјално сè уште нема ниту потврда ниту демант за оваа информација.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, вчера кога се апсеа Јанакиески и Ристовски, рече дека тие се уапсени по нарачка на Заев, затоа што тој очајнички презема чекори како на Милошевиќ и Чаушеску, свесен дека на губи довербата и паѓа од власт.

-Деспотот Заев го гледа својот крај и затоа е најопасно, затоа презема очајнички потег на внесување страв меѓу народот, затоа апси врз основа на изјави на сомнителни лица, без докази, на рекла казала муабет, со години после настанот за кој ги обвинуваат.- рече Мицкоски.