Хроника 13. јули 2019. / 11:27

Прегазил малолетничка на велосипед и побегнал – полицијата трага по возачот

Прегазил малолетничка на велосипед и побегнал – полицијата трага по возачот

На 12.07.2019 во 14 часот во Скопје на крстосницата од улиците Горно Лисиче и Горноврановска, се случила сообраќајна незгода во која засега непознато патничко моторно возило удрило во велосипед „Династи“, управуван од малолетничка од Скопје и го напуштил местото.

Малолетничката била пренесена во Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде и била констатирана тешка телесна повреда.

Се работи на расчистување на случајот.