Хроника 18. октомври 2020. / 11:17

Прегазен пешак во кругот на штипската болница

Прегазен пешак во кругот на штипската болница

56-годишен штипјанец е тешко повреден откако во него удрило возило „фолксваген венто“ во кругот на Клиничката болница Штип.

Вчера во 12.25 часот било пријавено дека во кругот на Клиничка болница Штип патничко возило „фолксваген венто“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Штип, удрило во пешакот С.М.(56) од Штип. Во незгодата С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во истата болница, се вели во полицискиот билтен.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.