Хроника 14. февруари 2019. / 11:12

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ изразија длабоко сочувство до семејствата на загинатите

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ изразија длабоко сочувство до семејствата на загинатите

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изразија длабоко сочувство до семејството и блиските на загинатите во страшната автобуска несреќа.

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ изразуваат длабоко сочуство до семејствата и сите блиски на загинатите сограѓани во
автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово.

Денеска Република Македонија е во огромна болка и тага. Ова е огромна загуба.

Мислите на сите нас се со семејствата на загинатите сограѓаните. На повредените граѓани во сообраќајката им посакуваме што побрзо закрепнување. – стои во соопштението на пратеничката група.