Дваесет и три годишно момче од струшкото село Поум вчера доцна попладне пoчинa од истрели од огнено оpyжје.
Според ифформациите за Алсат од Свр Охрид, настанот се случил денес околу 18.40 часот , кога лицето У. В. (роден 1997) од с.Поум пyкал кон З. Б. (1996) и В. Б. (1973) како и кон други лица. 23- ти годишниот З. Б. Починал, а В.Б. е пренесен во општата болница во Струга. Лицето кое што пyкaло У.В. како што изјавија од полицијата сам се пријавил во Полицискста станица -Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Според неофицијлни информации настанот се случил при сеча на дрва во околната шума.Неофицијално двете страни и од порано имале меѓусеби недоразбирања поврзани со имоти насадени со дрва.