Хроника 11. јули 2019. / 19:40

Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката во охридско

Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката во охридско

Во околу 15:00 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево помеѓу село Ботон и село Климештани се случила сообраќајна незгода дознава Центар.мк.

Како што дознава Центар.мк сообраќајката се случила помеѓу автомобил Цитроен Саксо управувано од П. С. (1964) од Скопје и комбе Форд Транзит управувано од Д. П. (1992) од Охрид.

Во несреќата почина на лице место П.С..

Според сознанија на Центар.мк и двете возила биле со скопски таблички.