Хроника 03. ноември 2019. / 17:12

Познат е идентитетот на безживотното тело кое беше извлечено од Вардар

Познат е идентитетот на безживотното тело кое беше извлечено од Вардар

Скопјанката Ф.В.(68) е жената чие мртво тело беше пронајдено вчера во водите на реката Вардар во населбата Аеродром, информираше МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција. Како што претходно беше јавено, телото на жената го забележал минувач на кејот и повикал полиција.