Хроника 01. ноември 2018. / 13:32

Пожар во детската болница во Козле (ФОТО)

Пожар во детската болница во Козле (ФОТО)

Утрово изби пожар во детската болница за белодробни заболувања во скопско Козле.

На терен реагирале и противпожарни екипи, а пожарот е веќе изгаснат. За среќа нема повредени лица.

– Опожарен беше аспираторот за вентилација во делот на кровната конструкција. Беше интервенирано со 2 возила и 5 пожарникари. Нема причинето поголема штета, а нема ниту повредени – изјави командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.