Хроника 15. ноември 2019. / 22:30

Пожар одзеде еден живот и пеплоса барака во Тетово

Пожар одзеде еден живот и пеплоса барака во Тетово

Рано утрово во изгорена барака во Тетово било најдено безживотно машко тело, кое е предадено на идентификување во Институтот за судска медицина.

– Рано утрово околу 04.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во импровизирана дрвена барака на ул.„Љубо Божиновски-Пиш“, во непосредна близина на спортската сала во Тетово, стои во полицискиот извештај.

Во пожарот бараката целосно изгорела, а на местото било пронајдено изгорено, безживотно машко тело.

Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид, а по наредба на Јавниот обвинител телото било предадено за идентификација и обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.