Хроника 23. мај 2019. / 13:16

Повредените во сообраќајката под Плетвар итно пренесени во болница

Повредените во сообраќајката под Плетвар итно пренесени во болница

Двајца се полесно повредени при сообраќајната несреќа што се случила претпладнето на патот Градско-Прилеп, на 20-ина километри под превојот Плетвар.

Повредените се префрлени во прилепската градска болница на испитување и на лекување.

Според првичните информации од службата за итна медицинска помош од Прилеп, која била повикана да интервенира во 9.50 часот, сообраќајната несреќа била помеѓу камион и автомобил. Повредените не се во животна опасност.