Хроника 25. март 2020. / 11:29

Повредени тројца припадници на АРМ

Повредени тројца припадници на АРМ

Тројца припадници од Армијата се полесно повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 20 часот на регионалниот пат Богданци-Гевгелија, поточно на место викано Лгот.

Автомобил „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Б.Ј. излетало од коловозот. Во возилото се превезувале и шест припадници на Армијата, кои биле на испомош во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“, информира МВР.

Повредените лица биле пренесени во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.