Поради сообраќајна несреќа автопатот Велес – Скопје е целосно затворен за сообраќај, информираат од АМСМ.
– На автопатот Велес-Скопје, кај местото Кула, случена е сообраќајна незгода помеѓу повеќе возила и автопатот Велес-Скопје е целосно затворен за сообраќај – се наведува во вонредниот извештај на АМСМ од 8:40 часот.