Хроника 26. октомври 2018. / 15:31

Поради откажана нарачка му ги објавил личните податоци на Фејсбук и заработил кривична пријава

Поради откажана нарачка му ги објавил личните податоци на Фејсбук и заработил кривична пријава

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Х.И.(23) од Скопје за сторено кривично дело “злоупотреба на лични податоци“.

-На 28.08.2018 година на социјалната мрежа „Facebook“ во две групи за огласи пријавениот, поради претходно откажана нарачка од 33 годишно лице од Тетово, објавил фотографии, лични податоци и телефонски број, од истиот, во прилог на кои бил наведен текст со навреди и недолична содржина, информираат од МВР.