Хроника 04. јуни 2020. / 15:43

Пукање во кафуле на „Џон Кенеди“ во Чаир

Пукање во кафуле на „Џон Кенеди“ во Чаир

Денеска околу 10.30 часот имало пукање од огнено оружје на улица „Џон Кенеди“ во Чаир .

Од Министерството за внатрешни работи за „ТВ21“ го потврдуваат случајот и информираат дека нема повредени.

Инцидентот се случил во едно кафуле на оваа улица, каде што претходно имало и физичка пресметка. Полициски екипи отишле на местото на настанот, но во моментот нема уапсени.

Денеска во 10.28 часот беше пријавено дека се слушнале истрели од оружје на улицата Џон Кенеди. Веднаш по добивање на пријавата, полициски службеници од СВР Скопје излегоа на терен при што пронајдоа чаури од огнено оружје – велат од МВР.

МВР работи на расветлување на случајот.