Полицијата поднесе кривична пријава против советникот од ДУИ, Нефи Усеини.
Tој вчера на сред бел ден пред познат охридски хотел физички го нападнал охриѓанецот Спирко Топалоски.
Ова следи после пријавата на Топалоски во полиција дека вчера напладне крвнички бил претепан од Усеини и уште тројца други негови луѓе пред познат охридски хотел и пред неговиот 14 годишен син кон кого бил вперен пиштол.
Полицијата според материјалот од снимките на надзорните камери од хотелот констатирала дека сепак бил употребен пиштол.
СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Н.У.(45) и И.У.(48), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. По наредба на Јавен обвинител, СВР Охрид синоќа изврши претрес во домовите на пријавените. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.
По овој инцидент ќе постапува и обвинителството но не е првиот и единствен во кој главен актер е советникот Нефи Усеини.
Лани против него обвинителството отвори предмет за напад врз инспектор кој бил спречен да изврши увид на градбата кај чинарот, а потоа беше пријавен и во полиција дека го претепал и советникот Џелал Мена и професорот Илјаз Илјази.
Досега за ниту еден од овие случаи нема правна разрешница.