Хроника 20. декември 2020. / 09:50

Полицијата излезе со детали за прободениот маж во ГТЦ

Полицијата излезе со детали за прободениот маж во ГТЦ

Полицијата привела 54-годишен човек, кој со нож прободел скопјанец во Градскиот трговски центар во главниот град.

– На 18.12.2020 во Полициска станица Центар бил приведен С.А.(54) од с.Пепелиште, неготинско, поради тоа што, според пријавата добиена околу 20.45 часот во СВР Скопје, во сутеренот од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, при физичка пресметка помеѓу С.С.(66) од с.Зелениково, скопско и С.А., С.А. со остар предмет му нанел повреда на С.С., информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.