Хроника 07. август 2019. / 18:23

Полицијата ги проверува фирмите на Нефи Усеини

Полицијата ги проверува фирмите на Нефи Усеини

Полицијата во соработка со Основното јавно обвинителство влезе денеска во фирмите на советникот на ДУИ Нефи Усеини, објави Фокус.

Најверојатно станува збор за истрага за бетонската база која почна да ја гради на охридското крајбрежје, а за која Усеини немаше обезбедено соодветна документација. Фокус дознава дека полицијата и обвинителите денеска правеле проверка во фирите на Усеини а во врска со оваа истрага.

Усеини стана познат и по дивоградбата кај чинарот во Охрид, која одбива да ја сруши и покрај укажувања од надлежните.