Вечерта на 2 август, околу 22,30 часот, полициски службеници од Полициска станица „Охридско Eзеро“ се упатиле наспроти с.Радожда, струшко каде што забележале глисер со албански национални ознаки во кој биле две лица кои превезувале предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело, како се движи кон Р.Албанија.
По издадена наредба од полициските службеници за запирање на глисерот, пријавените не ја испочитувале наредбата и со глисерот неколку пати удриле во службениот пловен објект, по што еден од полициските службеници испукал четири предупредувачки куршуми, а лицата се упатиле кон с.Лин, Р.Албанија – информира МВР.
Од МВР соопштија дека за настанот се известени пограничните органи на Р.Албанија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.