Хроника 07. јуни 2018. / 11:52

,,Почивај во мир легендо, секогаш ќе бидеш во нашите срца”: Комити сo солзи се простуваат од момчето кое почина вчера

,,Почивај во мир легендо, секогаш ќе бидеш во нашите срца”:  Комити сo солзи се простуваат од момчето кое почина вчера

„Почивај во мир легендо, секогаш ќе останеш во нашите срца. Почивај во мир брате. Секогаш весел и позитивен таков ќе те паметиме”.

Вака денеска Комитите се простуваат со младото момче кое вчера трагично почина на игралиште во скопска Кисела Вода.

Околу 19 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје, на игралиштето во населбата „11-ти Октомври“, починало младо момче.

Полицијата денеска информира дека додека 24-годишниот Д.К. од Скопје играл фудбал, му се слошило, по што паднал на игралиштето и починал.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.