Хроника 01. јули 2018. / 17:44

Почина Сарик Тара – најбогатиот Турчин роден во Македонија

Почина Сарик Тара – најбогатиот Турчин роден во Македонија

Сарик Тара е рангиран седми на листата на Форбс сто најбогати луѓе во Турција чие богатство се проценува на 1,86 милијарди долари.

Познатиот турски бизнисмен Сарик Тара, почесниот директор на холдингот ЕНКА, почина на 88 години, јави агенцијата Анадолија.

Сарик Тара е рангиран седми на листата на Форбс сто најбогати луѓе во Турција чие богатство се проценува на 1,86 милијарди долари.

Тој е роден е на 22 април 1930 година во Скопје, а со семејството во 1944 година се преселил во Турција.

ЕНКА има голема улога и во Русија во градежништвото како и во инвестирањето во недвижнини, поседува канцеларии, хотел, трговски центри во Москва. Компанијата е една од најголемите турски производители на електрична енергија и се шири во енергетскиот сектор.