Запален е автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец. Инцидентот се случил откако беа објавени фотографиите од Преспа, од потпишувањето на договорот за името со Грција, на кое присуствуваше и тој.
Макфакс телефонски разговораше со Локвенец, изутринава, но тој не сакаше да го коментира настанот, упатувајќи на повеќе информации во билтенот на МВР.