Хроника 23. април 2019. / 11:29

По 19 години затвор за Беља и Демири за убиството на Саздовски

По 19 години затвор за Беља и Демири за убиството на Саздовски

По 19 години затвор за Бесир Беља и Скендер Демири за убиство на 20-годишниот Никола Саздовски -Саздо. Ова е пресудата која денеска судијката Даниела Алексовска-Стојановска во Кривичниот суд им ја изрече на обвинетите Беља и Скендер.

Обвинетите се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски, рече судијката Алексовска-Стојановска.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со уште едно 19-годишно момче кое е во бегство, на 29 јуни минатата година го претепале Саздовски на автобуската постојка во Автокоманда. Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на клинк КАРИЛ.