Во домот на поранешниот градоначалник на Општина Кавадарци, Александар Панов, полицијата пронашла над 1.000 монети со археолошка вредност, соопшти МВР.
Станува збор за монети кои биле пронаоѓани на разни локалитети низ Македонија.
Панов изјави дека некој тенденциозно го пријавил од лични причини. Се работи за модерн нумизматика вели тој.
– Се работи за модерна нумизматика и пријавата најверојатно е злонамерна и со тенденција да ми се наштети. Нема стари момента во мојата збирка. Ги собирам од дете, сигурно 40 години. Полицајци од Велес и Кавадарци извршија увид кај мене и родителите утринава. Неколку папки од новите монети се одземени и во полициска станица Кавадарци на вештачење. Коректни беа полицајците. Пријавата е, најверојатно, лична работа, а не политичка. – изјави Панов за МИА.
Тој откри дека заедно со полицајците бил во кавадаречката полиција каде што се задржал околу два часа и дал исказ, но не бил приведен и уапсен како што се шпекулира во јавноста.