Хроника 06. април 2019. / 11:08

Паднала од автобус на ЈСП – постара жена заврши во болница

Паднала од автобус на ЈСП – постара жена заврши во болница

Осумдесетгодишна жена заврши со повреди поради пад од автобус на ЈСП.

Полицијата соопшти дека според пријавата, автобусот тргнал додека жената се симнувала. Таа била пренесена во Градската болница каде и биле констатирани повреди, а по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.

Настанот се случил на улицата 11 Октомври, спроти Зелен пазар.