Хроника 06. јуни 2018. / 22:54

Ова е момчето кое имаше ненадејна смрт играјќи фудбал (ФОТО)

Ова е момчето кое имаше ненадејна смрт играјќи фудбал (ФОТО)

По веста дека вечерва починало 24 годишно момче додека играло фудбал на игралиште во Кисела Вода, на социјалните мрежи многу пријатели се простуваат од момчето.

Станува збор за Драган Крстев кој бил член на навивачката група „Комити“

 

Лекар, кој бил присутен во близина се обидел да му пружи прва помош, но момчето не покажувало знаци на живот.

Лекарите од итната медицинска помош се обиделе да го реанимираат момчето, но тоа и понатаму не покажувало знаци на живот, по што констатирале смрт.