Хроника 26. јули 2019. / 15:32

Ова е девојката која вчера ја нападна таксист – ќе бара одговорност за напаѓачот

Ова е девојката која вчера ја нападна таксист – ќе бара одговорност за напаѓачот

Ме навредуваше и ме нападна зошто не сакаше да ми раситни пари за такси услугата, вели триесетгодишната Добрила Стефановска за Канал 5 објаснувајќи ја причината за инцидентот кој се случил завчера со таксистот, а видеото предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи. Вели дека била нервозна по навредите на таксистот па затоа сакала да му ги искрши брисачите по штој силно ја турнал на земја.

Иако вели дека во краткото време додека траел инцидентот никој не се обидел да и помогне, потоа некој од минувачите повикал брза помош. Била пренесена на клиника со повреди на рацете и грбот. Вели дека нема да молчи и ќе бара одговорност за напаѓачот.

Веднаш по инцидентот, полицијата соопшти дека се утврдува прекршочна, но доколку се утврдат елементи не исклучуваат и кривична одговорност за напаѓачот. Случајот се уште е отворен и се постапува по него, рекоа денеска од МВР.