Хроника 06. април 2018. / 22:10

Ова е автомобилот на убијците на Реџепи во Мала Речица (ВИДЕО+ФОТО)

Ова е автомобилот на убијците на Реџепи во Мала Речица (ВИДЕО+ФОТО)

На порталите на албански јазик објавена е видео снимка од автомобилот што го користела една од двете групи за време на синоќешната вооружена престрелка во Мала Речица, чии припадници беа уапсени на пат за Скопје.

Во синоќешната пресметката меѓу две групи од кумановскиот огранок на ДУИ убиен Наип Реџепи, кој денес беше погребан во присуство на голем број на луѓе.

Двајца учесници во инциндентот се повредени, меѓу кои и братот на убиениот Реџепи, додека четворица се уапсени.