Хроника 28. јуни 2020. / 11:04

Отворен за сообраќај е патот Охрид-Ресен, преку Галичица

Отворен за сообраќај е патот Охрид-Ресен, преку Галичица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информираа од АМСМ и препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Од АМСМ подвлекуваат дека тоа особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 02.05.2020 до 15.11.2020 е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3.5 тони.