Хроника

Отишол во Охрид на одмор, а завршил во болница

Отишол во Охрид на одмор, а завршил во болница

Вчера во 15.45 часот во Пoлициската станица Охрид, било пријавено дека во пекара на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид, по вербална расправија, настанала и физичка пресметка меѓу лицата О.М. (27) од Прилеп, со престојувалиште во Охрид, и Д.Д. (39) од Радовиш, со престојувалиште во Охрид.

Притоа, О.М. се заканувал со дрво , а Д.Д. со нож. Во еден момент О.М. со десната рака го фатил сечивото од ножот и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде бил задржан на лекување.